По успешниот настап на „Андерфест“, „Вселенаутика“ продолжуваат со работа а овојпат нивната нова тема има мировна порака…
Песната „91000“ го најавува првиот extended play (мини-албум) на бендот „Вселенаутика“, насловен Есенски песни“. Изданието носи нови нумери покрај веќе познатите „Претци“ и „Ива“, а истото е достапно на сите стриминг платформи.
Во време на се’ пораширени изблици на нетрпеливост, насилство и поделби во нашата средина, додека слушаме стории за договорени тепачки помеѓу стотици деца низ македонските градови, а војната продолжува да беснее не толку далеку одовде, 91000 носи пораки за мир.
Спотот е сниман во Боксерскиот клуб „Скопје“
Фото: Приватна архива