Македонски Ромео и Јулија:Муслиманка се верила со православец, но се’ било прекинато поради шокантна обврска

Момче (24) од Прилеп, си ја отворило душата и ја раскажал својата тажна приказна. Не се претставил, но во детали опишал што му се случило кога ја запознал, се вљубил и свршил со девојка од муслиманска вероисповед…

„Среќата никој не си ја знае и тоа е навистина така. Од секогаш посакував среќно и убаво семејство со весели и безгрижни дечиња. Искачувајќи се по скалата на животот и стасувајќи до портите на вистинската љубов некој ме сопна и сега повторно сум на дното. Пред мене повторно се илјадници и илјадници скали, но дали ќе соберам доволно сила и енергија за да се искачам не знам“.
Како што вели, она срце кое еднаш е скршено колку и да го лепиш и преправаш си останува скршено, така е и со човековата душа.
„Јас (24) се сеќавам како вчера да беше денот кога ја запознав во еден ноќен клуб мојата неодамнешна вереница. Уште истата ноќ знаев дека ќе бидеме среќни ако сме заедно. И да, токму така беше. Нашата љубовна авантура прерасна во стабилна и цврста љубовна врска која траеше цели 14. месеци. Но се’ што е убаво кратко трае, рекол некој и баш така е. Кога ја побарав за моја животна сопатничка од нејзините татко и ми рече ќе биде твоја само кога ти ќе станеш Муслиманин и ќе направиш сунет, инаку не доаѓа во предвид. Не знаев што да правам.
Никако не можев да се одлучам. Едноставно моравме да прекинеме се. Но како јагодка на шлаг излезе дека таа е бремена веќе пет недели. Никој не знаеше, освен таа и јас. По многу непреспиени ноќи и пролеани солзи таа мораше да абортира. За неполн месец слушнав дека заминала во Тирана. Веќе три години ја немам видено и слушнато. Можеби негде е среќна и успешна…“ раскажува тажното момче кое не може да ја прежали својата љубов.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …