Иван Херцег исфрлен од серијата бидејќи се расправал и доаѓал неподготвен

Наводно, загрепскиот глумец на снимањата често доаѓал неподготвен, а кога некоја сцена не би снимиле успешно, би ги обвинувал другите соработници

Иван Херцег (36) се испокарал на сетот на „Чиста љубов“. Многу викал, се пожалиле неговите блиски соработници до продукцијата.


Наводно, глумецот неколку пати приговарал. Се бунел на организацијата и сценариото и доаѓал неподготвен на снимање на серијата.

На Херцег не му било прв пат да прави проблеми на сетот. Неодамна сличен инцидент се повторил на снимање на една реклама, но поради неговото недолично однесување се’ било откажано.


Херцег кој во петокот добил вонреден отказ од страна на продукцијата на ТВ Нова, на пријателите им се обратил преку социјалните мрежи:

„Ви благодарам мили мои, а некои таму веројатно имаат некои свои причини зошто го прават тоа што го прават“ рекол глумецот.


Колегите од хрватската сапуница „Чиста љубов“ се пожалиле на проблематичниот глумец Иван Херцег

Глумецот одбивал да одговори на телефонските повици, а ниту колегите од сетот не биле расположени за давање изјави.

Некои членови од екипата пак откриле дека од продукцијта на ТВ Нова добиле упатства ништо да не коментираат. За причините за раскинување на договорот не сакале да коментираат ниту од Нова ТВ. Но, сепак се шушка дека главна причина за отказот на Херцег е неговиот тежок карактер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …