Обожавателите се простуваат од Оливер Драгојевиќ: Лажна вест за неговата смрт го обиколи регионот!


На социјалните мрежи, но и неколку портали во регионот се појави лажна вест дека хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ починал.
Неговите обожаватели се простува од него споделувајќи ги неговите песни на социјалните мрежи, но без потреба.
Здравствената состојба на пејачот е многу тешка, а тоа го потврдуваат и откажаните концерти, но пејачот не се предава во борбата со ракот на белите дробови.
„На Оливер му е многу тешко што мора да ја разочара публиката, но сите ние веруваме на позитивен исход и нови концерти. Неговата состојба после четвртта хемотерапиај се влоши и мора да мирува“, наведоа вчера од неговиот ПР тим.
Лажните вести од порталите набрзо по објавувањето беа повлечени.
Но, никаде немаше демант на веста од загрепскиот градоначалник, Бндиќ, кој соопшти дека познтито пејач е во кома.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Велигденска традиција во с. Градец – празнична магија под отворено небо

Со голема радост Ве покануваме на манифестацијата „Велигденска традиција“, која оваа година за првпат ќе …