Македонската песна „Брала мома Капини” на пијано ја крена Италија на нозе

Вчера во Рим, на фестивалот “Concerti del Tempietto” во Театро ди Марчело, се одржа целовечерна концерт, на пијанистките Марија Николовска и Нита Груби.
На програмата беа изведени дела од : Јоханес Брамс, Астор Пијацола, Сергеј Рахмањинов, Крсте Бадаровски, Франц Лист, но пиесата што навистина остави впечаток и ја крена публиката на нозе, беше македонското дело за четири рачно пијано “Македонска парафрази бр. 2” од македонската композиторка Бете Илин.

This image has an empty alt attribute; its file name is marija-i-nita.jpg
Концертот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Асоцијацијата Темпието, и Амбасадите на Р. С. Македонија во Италија и во Светата Столица Ватикан.
Марија Николовска и Нита Груби во текот на 2022г одржаа повеќе концерти во Скопје, Кавадарци, Софија, Прага, Приштина, Тирана и Рим, а концертната сезона ќе ја продолжат до крајот на годината со уште неколку концерти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …