СОФИЈА ВЕРГАРА денеска го слави својот 50-ти роденден.
Таа на Инстаграм објави неколку фотографии од прославата. Таа имала две торти и уживала во шампањско со своето друштво.
View this post on Instagram
За да го прослави роденденот, Софија облекла долг летен фустан со длабоко деколте, а косата и била нежно свиткана. Таа позирала насмеана, а фановите и ги напишаше најубавите желби во коментарите.
View this post on Instagram
„Среќен ти роденден. Воопшто не си остарела. убава си како и секогаш”, „Како ти имаш 50. години?”, „Изгледаш како да имаш 25.”, „Се надевам дека си среќна, среќен роденден“, велат следбениците на актерката во коментарите.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Софија Вергара стана популарна со улогата на Глорија во серијата „Модерно семејство“. Таа беше најплатената актерка на американската телевизија од 2013. до 2020. година.
Фото: Принтскрин/Instagram