Македонија под закана на силен оркански ветер и поројни дождови

Почнувајќи од вечерва па се до крајот на оваа недела територијата на Македонија ќе биде под влијание на изразена циклонска циркулација.Силното јужно и југозападно воздушно струење од Медитеранот кон нашата држава ќе транспортира големо количество на влага па така ќе има врнежи од дожд најпрвин во западните делови а малку подоцна и во целата територија на Македонија. Снег ќе паѓа само на највисоките планински предели (над 2000 м.н.в).
Најинтензивни врнежи од дожд ќе има во западните предели каде на некои места ќе наврнат дури и над 100 л/м2 а на другите места околу па и над 50 л/м2 воден талог. Во ваква ситуација се очекуваат и услови за локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи. Овие процеси може да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ и сето ова ќе биде проследено со повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места ќе има удари дури до околу 100 км/час.
Соседна Албанија пак ја очекува дури и преку 200 л/м2 воден талог па така има опасност од локални поплави кој би можеле да бидат и многу опасни за граѓаните.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ваквата ситуација можна е појава и на локални поројни поплави а во случај на силен ветер граѓаните да внимаваат каде се движат и своите автомобили да ги ставаат подалеку од дрвја, порачуваат од .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …