(ВИДЕО+ФОТО) Слепо момче воодушевило во „Суперталент“ на хармоника: „Со песната се лекувам од тага“

Во четвртата полуфинална емисија на хрватскиот „Супер талент“ големо финале изборил и’ Павао Аниќ. Слепиот музичар воодушевил со својата воља, истрајност, но и неспорен музички талент.
Публиката и жирито „ги купил“ со својата интерпретација на севдалинки благодарение на кои завршил во финалето.Но, признава, дека воопшто не се надевал.
Ова момче учело во гимназија каде што било единствено слепо лице, но и покрај тоа бил најдобар ученик во класот.
На аудицијата хрватската пејачка Маја Шапут коментирала дека со овој натпреварувач би поминала одлично на журка во кој било ноќен клуб, пренесува хрватскиот медиум Дневник.хр.
„Не воодушеви минатиот пат со својата емоција. Имаш нешто што е за душа, потребна е емоција и ти тоа навистина го имаш! Јас само би слушал“, му кажал на Аниќ членот на жирито, актерот Јанко Поповиќ Волариќ.
„Верувам дека многу луѓе кои го гледаат ова ќе имаат предизвик да ја издвојат душата од она што Павао го има. Ја би го прокоментирал твојот начин на свирење. Апсолутно го опишува твојот карактер. Фасцинантно“, додал членот на жирито, Давор Билман.


Rastopili smo seeee! <3Sudjelujte u našoj anketi na –> http://bit.ly/Anketa_Pavao


Posted by SUPERTALENT on Sonntag, 26. November 2017

„Се чувствувам прекрасно. Имам чувство дека срцето ќе ми ’искокне’. Целиот се тресам. Не можам да верувам дека ова се случува. Многу ми е мило што се случи,но не го очекував ова“ рекол Павао Аниќ.
А, патот до финалето ги изборил со емоцијата која со секој тон излегува од него.
„Едноставно се соживувам со песната и себе се замислувам во таа некоја ситуација. Се обидувам на некој начин да одглумам бидејќи севдалинките се приказни, поради тоа на некој начин песната можете да ја одглумите пеејќи“ рекол талентираниот музичар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …