Лејди Гага со своето име повторно испишала историја

Поп-sвездата Лејди Гага влезе во историјата на доделувањето на Американските музички награди, и стана првата жена што ја добила наградата за најдобар уметник на ЕДМ.
Според странските медиуми, категоријата најдобар изведувач на ЕДМ, или категоријата најдобар уметник по електронска музика, досега беше претежно резервирана за мажи.
Не дека жените не можат да бидат номинирани во таа категорија, но главните поени најмногу ги собираа диџеи кои првенствено се занимаваа со електронска музика. Гага тоа го смени.
Нејзиниот последен албум „Chromatica“ има елементи на deep house и EDM, што ја направи компетентна да се натпреварува за наградата во оваа категорија.
Сепак, Лејди Гага не се појави на Американските музички награди.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by ⚔️ LADY GAGA DAILY ⚔️ (@gagadaily)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …