(ФОТО) ТЕШКА ЗАДАЧА ЗА ГЛУМЕЦОТ – Крис Хемсворт појак од обично – Интензивно се подготвува за улогата на Халк Хоган: „Ќе морам длабоко да нурнам во светот на кечерите!“

Холивудскиот актер Крис Хемсворт интензивно се подготвува за улогата на големата sвезда во борење Халк Хоган.
На фотографијата што ја објави на Инстаграм, Хемсворт врти гума додека се подготвува за својот нов филм, а мускулите му се поголеми од кога било.
„Денес е ден за мамење. Решив да се почестам со оваа екстра голема крофна, леле колку е тешка”, се пошегувал Австралиецот во описот на фотографијата.
Иако веќе го играше Тор, поради што мораше да биде во топ форма, Крис рекол дека ќе треба да се зајакне повеќе од кога било за улогата на Хоган.


Халк Хоган
„Ќе морам да се зголемам повеќе од кога било досега, повеќе отколку за Тор. Потоа, тука е акцентот, ставот и сè друго. Ќе морам да нурнам длабоко во светот на кечерите и навистина се радувам на тоа”, рекол Хемсворт.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)


Објавувањето го забележа и неговиот колега Крис Прат, кој му напишал во коментар за да ги намали малку мускулите бидејќи покрај него во филмот ќе изгледа напола помал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …