(ВИДЕО) Кој е побрз – стариот Ферари и помладиот МекЛарен?

Еден од најпопуларните модели на Ферари на сите времиња, култниот F40, ја измери својата моќ со Мекларен П1, кој е неколку генерации помлад.
Како по правило, трките за забрзување не се толку забавни бидејќи, пред сè, завршуваат во рок од 10 секунди. За тоа кратко време, гледаме два автомобила како се натпреваруваат за први да поминат 400 метри долга патека (понекогаш и повеќе).
Lovecars и познатиот автомобилски новинар и поранешен тркач Тиф Нидел решија да организираат малку поинаква трка. Тие судриле два болиди кои имаат 30 години инженерски и технолошки развој, но исто така имаат и многубројни сличности. И двата модели се автомобили од соништата, а и двата се напојуваат со мотор twinturbo V8. И тука завршуваат сите сличности.


Ферари Ф40 не треба да се претставува одделно. Го придвижува 2.9 V8 со 485 КС и 577 Nm, а менувачот е рачен.Потребни се нешто повеќе од 4 секунди за да се достигнат 100 км на час, и не се забавува до 320 км на час.
Мекларен П1 е на сцената веќе седум години, но и денес е еден од технолошки најнапредните автомобили. И најбрзи.
Со 916 КС и 900 Nm, тој е скоро двојно помоќен од Ferrari. P1 ја фаќа „стотката“ за 2,8 секунди, а максималната брзина е 350 km/h.
Погледнете како помина оваа необична трка и дали годините тука имаат влијание.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …