КОРОНА ВИРУС – СТУДИЈА: За еден месец локдаун во Англија заразата паднала 30% – вирусот се повлекува!

Нивото на инфекција со ковид-19 во Англија се намалил за 30 проценти во текот на еден месец на ационално блокирање и вирусот сега се повлекува, според големото истражување објавено во понеделникот, во кое учествувале повеќе од 100.000 волонтери.
Англија го започна своето второ „затворање“ на 5. ноември со цел да го спречи рапидно растечкото ширење на инфекцијата и да го заштити нејзиниот здравствен систем. Земјата на тој начин треба да се врати на регионалниот пристап на ограничувања од 2. декември.
Нивото на инфекција опаднал за 30. проценти, на 96. заразени на 10.000 луѓе меѓу 13. и 24. ноември, се привремените резултати од студијата спроведена од научници од лондонскиот Империјал колеџ во соработка со компанијата psos Mori.
Последното вакво истражување, спроведено помеѓу 16. октомври и 2. ноември, покажало 130. инфекции на 10. 000 луѓе.

Џонсон е критикуван за заклучувањето во неговата партија



„Резултатите покажуваат дека бројот на случаи се зголеми со влегувањето на земјата во блокадата, но следуваше намалување бидејќи националните мерки успешно ги намалија стапките на инфекции низ целата земја“, се вели во соопштението.
Британскиот премиер Борис Џонсон исто така се соочил со критики од неговата партија во врска со одлуката за заклучување, а некои велат дека тоа е непотребно кршење на граѓанските слободи, додека опозициските лабуристи се жалат дека реагирал премногу бавно.
Репродуктивниот број на коронавирус се проценува на 0,88, што ги зголемува податоците објавени во петокот, покажувајќи дека бројот на заразени се намалува помеѓу нула и два проценти секој ден.

Остар пад во неколку области на северна Англија
Иако во соопштението се вели дека преваленцата на болеста е сè уште голема, таа покажала остар пад во неколку области на северна Англија кои треба да влезат во најтешкото ниво на ограничувања следната недела.
Тоа може да предизвика дополнителни немири во Конзервативната партија на Џонсон, каде многу пратеници не се задоволни од системот што за повеќе од една третина од населението претставува значителни ограничувања во секојдневниот живот.
Мерките треба да бидат изгласани во вторник, а Џонсон се соочува со политичка непријатност да мора да се потпре на гласовите на опозицијата за да донесе нови правила.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …