(ФОТО) Шерон Стоун ги запалила социјалните мрежи: Еве како ѕвездата на „Ниски страсти“ изгледа на 62. години!

Актерката Шерон Стоун беше светски секс симбол откако неколку пати ги прекрсти нозете во филмот „Ниски страсти“ во раните 90-ти. Денес таа, со своите објави на Инстаграм, сè уште заведува
Убавата 62-годишна актерка се потпрела боси на софата пред портретот на Мерилин Монро за фотографија направена од славнта стилистка Либи Парис.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


„Не само што сум зачудена, туку и благодарна сум што сè уште позирам на 62. години“, напишала Шерон Стоун во неодамнешната објава.
Актерката носи црно боди и златни чевли со високи потпетици. Но, главна точка е откопчаната свилена блуза со дезен што го прослави покојниот моден дизајнер Џани Версаче уште во осумдесеттите години.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Актерката неодамна беше почестена од д-р Ентони Фаучи за нејзината неуморна добротворна работа поврзана со ХИВ?СИДА. Шерон Стоун е исто така многу активна во промовирање на епидемиолошките мерки поврзани со Ковид-19.
Сестрата на актерката, Кели и нејзиниот сопруг, се заразиле со коронавирусот и сè уште страдаат од последиците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Седмо издание на проектот „Добри гости“ – серијата на книжевни гостувања продолжува во Прилеп

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА Продукција“ од Прилеп и „Култура …