Шон Конери почина на 31. октомври 2020. година, во неговиот дом на Бахамите, а сега е познато како починал актерот.
Како што се наведува, Шон починал во сон, а причина за смртта била пневмонија, откажување на дишните патишта, старост и атријална фибрилација – неправилно чукање на срцето.
„Таков живот не беше за него. Тој не можеше да се изрази во последно време. Барем умре во сон, беше многу мирно. Бев цело време со него и тој само се лизна во сонот. Така тој и сакаше да биде”, рекла сопругата на Шон, Мишелин.
Мишелин се пофалила дека имала убав живот покрај нејзиниот покоен сопруг и истакнала дека тој е човек на кој што многумина можат да се угледаат.
„Тој беше прекрасен човек и имавме одличен живот заедно. Тој беше човек на кој другите можат да се угледаат. Ќе ми биде тешко без него, го знам тоа. Но, јас сум свесна дека не можевме да траеме вечно”, рекла таа.
Бројни актери, политичари и познати личности се простија од славниот Бонд, и сите се согласуваат дека тој беше еден од најлегендарните актери, а почит му оддаде и сегашниот Џејмс Бонд – Даниел Крег.