Концерт на пијанистката Јасмина Трајческа на фестивалот „Златна Лира 2023“

Во понеделник на 30 октомври 2023 година, со почеток од 20:00 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност продолжува серијата концерти во рамките на фестивалот „Златна Лира 2023“ овојпат со настап на пијанистката Јасмина Трајческа.

Програма:


Билјана Бојовиќ
СЕ УШТЕ ТУКА

Билјана Бојовиќ
ТРИ БАЛКАНСКИ ТАНЦИ


Јанез Матачич:
ФАНТАЗИЈА СЛОВЕСНА – Solennelle оп. 2 бр. 1

Јанез Матачич
ЕТИДА ХИБРИДА оп. 71 бр. 2
ЕТИДА ЛАНГУИДА оп. 71 бр. 3


Џорџ Гешвин
РАПСОДИЈА ВО СИНО

Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршува на ФМУ, Скопје во (класа на проф. Валери Стефановски). Учесничка е на бројни мастеркласи кај еминентни професори: М. Келер, К. Богино, С. Богино, В. Огарков, А. Диев. Добитничка е на бројни награди на меѓународни и на интернационални натпревари, меѓу кои се издвојуваат: Internatonal piano competiton Giovani talenti Rovere Doro – Сан Бартоломео ал маре, Италија; DINO CIANI Вербаниа Интра, Милано, Италија; JUPITER – Џенова, Италија; Internatonal competition Interfest – Битола, Македонија; Втор меѓународен конкурс „Димитар Ненов“, Разград, Бугарија; Државниот натпревар по пијано во Скопје, Македонија итн.

Јасмина Трајческа повеќе од две децении остварува богата концертна дејност. Одржала полурецитали и рецитали на летните академии во Пиран (Р. Словенија), Варна (Бугарија), на фестивалот Musica di laguna Choggia (Италија), на официјалното отворање на новото пијано YAMAHA C9 во Гросупље (Словенија). По покана учествува како како специјален гостин-солист на Фестивалот EUROCHESTRIES CHARANTE MARITIMES во Бордо (Франција), а остварува и културен престој во Париз, настапи на фестивалот Makarska summer во Макарска (Хрватска), фестивалот „Прилеп, град на културата“, на манифестацијата „Прилепско културно лето“, на проектот „Рапсодија за Скопје“ и на проекти за концерти за камерна музика – флејта и пијано.

Реализира концерт на ЈАМУ, во Брно, Р. Чешка, концерт во Љубљана во концертната сала на Глазбена матица на Словенија, и е дел концертот „Балканска синтеза“ на покана на фестивалот ИМАГО СЛОВЕНИЈАЕ во Љубљана, проект поддржан од Град Прилеп и Амбасадата на Република Словенија во Скопје, како и од јубилејниот концерт„Балканска рапсодија“ во Битола и Гевгелија, проектот „Словенски воз“ за соло пијано во Гевгелија, а реализира и бројни солистички концерти поддржани од Министерството за култура на Македонија во градовите Прилеп, Гевгелија, Охрид, Тетово, Куманово и Скопје. Работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Влезот на концертот е слободен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …