Актерот Метју Пери (Чендлер) пронајден мртов

Метју Пери, кој се прослави во улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, беше пронајден мртов во саботата во својот дом во Лос Анџелес, објави Ројтерс.

Пери имаше 54 години. Лос Анџелес Тајмс и ТМЗ, повикувајќи се на неименувани полициски извори, објавија дека Пери е пронајден мртов во џакузи.


NBV News, повикувајќи се на неименуван претставник на актерот и полициски извор, наведува дека славниот актер се удавил во својот дом. Ројтерс соопшти дека не може независно да го потврди извештајот.

Како тинејџер, тој сакал да стане познат тенисер, а кога во своите дваесетти се свртел кон актерството, ја добил посакуваната улога на главен актер во пилот серијата за која сите зборуваа и која денес е една од најпознатите ситком серии во светот – „Пријатели“.


Тој глумеше во популарниот ситком Пријатели заедно со Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Кортни Кокс од 1994 до 2004 година.

Тој за малку ќе го загубеше животот пред неколку години поради последиците од конзумирање дрога.


Пери откри дека неговата битка со зависноста станала толку тешка во еден момент што „речиси умрел“ пред неколку години на 49-годишна возраст кога му пукнало дебелото црево поради предозирање со дрога.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Трага на Нематеријалното“ – изложба на Софија Грабулоска

Вечерва на театарската сцена во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци” во Струга, со почеток во …