„Љубовните приказни на Скопје“ интерактивно патување низ Скопје

Гамифицираното сoцијално интерактивно искуство „Љубовните приказни на Скопје“ се огранизира како инспирација од Европските денови на наследството кои годинава беа посветени на „Живото наследство“, а повод 11от роденден на ХАЕМУС, под чија закрила се разви и Storytelling Skopje – како личен проект за интерпретација на наследството на м-р Василка Димитровска, археолог, креативен директор на ХАЕМУС, консултант и сетифициран интерпретатор на наследство.

Љубовните приказни на Скопје – моќта на чувствата е интерактивно социјално гамифицирано искуство со заплет каде низ активно учество, забава и едукација посетителите учат за локалното наследство на Скопје.


Без разлика дали сте вљубени во некого или ве плени историјата, поезијата или приказните за вистинските романси, „Љубовните приказни на Скопје“ е искуство кое ќе ве однесе на патување од Скопското кале преку Старата скопска чаршија, сѐ до модерниот дел на градот. Попатно, ќе се вљубите во прекрасните љубовни приказни на мештаните и ќе го доживеете градот на сосема поинаков начин.

Сигурно сте љубопитни да дознаете за силните и храбри луѓе, пред сѐ жени, кои живееле, работеле или престојувале во Скопје во различни периоди од историјата. Од кралици до познати писател(к)и и нивните љубовници, пејачки во барови, но и сосема обични луѓе кои го граделе идентитетот на градот низ столетијата. Ќе слушнете секакви приказни за љубовта, некои со среќни а некои со тажни завршетоци. Попатно, оваа интерактивна авантура е исполнета со загатки, мапи, цитати и предизвици, што го прави искуството уникатно и незаборавно.


Ако сите заинтерсирани за ова необично искуство, пишете на contact@storytelling-skopje.com за да добиете понатамошни инструкции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот пророк Исаија

Светиот пророк Исаија Овој голем пророк беше од царски род. Роден во Ерусалим од татко …