Концерт на Lelee и My Tear во Порта Џез во Битола

Вечерва во Битола, во Порта Џез, со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концертот на Lelee (Љубљана) и My Tear (Скопје).

Инди-рок легендите Lelee од Љубљана, се еден од највозбудливите инди-рок акти во регионот. Со нивниот поп-шарм и балкански мелос проткаен низ цврстата ,,направи сам” музичка етика, Lelee се една од највпечатливите музички појави во изминативе години.


Вечерта ќе им се придружи култното скопско трио My Tear. Со нивните силни њувејви синт матрици надополнети со неверојатно енергичниот сценски настап, овие ветерани на македонската независна сцена ќе ни приредат атак на сите сетила како што само тие умеат.

Влез: 150 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …