Нашиот ракометен голман Борко Ристовски денес слави роденден

Борко Ристовски е роден на 2 ноември 1982 година во Скопје. Тој е наш поранешен ракометен голман кој 155 пати го има носено репрезентативниот дрес на Македонија.

Ракометната кариера Ристовски ја започнал во 1995 година како член на клубот Работнички. Две години подоцна, тој потпишува за РК Југ, каде што останал две години, до 1999 година. Сезоната 1999–2000 игра за Македонија (сегашен РК Металург Скопје). Во 2001 година го освоил македонскиот ракометен шампионат и Купот на Македонија со екипата на Вардар Ватростална.


Неговото прво искуство на Европско првенство било во Грција во 2000 година на европското јуниорското првенство. Во периодот од 2001 до 2003 година Ристовски настапувал за Вардар Ватростална, а во 2002 година го освоил вториот шампионат во кариерата. Во 2002 година учествувал на јуниорското Европско првенство во Полска. Таа година бил прогласен за најдобар млад спортист во Македонија. Во 2003 година, по две години во РК Вардар, потпишал двегодишен договор со РК Металург од Скопје.

По истекот на неговиот договор, Ристовски се сели во Шпанија каде потпишал едногодишен договор со второлигашот СД Теукро во 2006 година. Една година подоцна, тој се приклучил на шпанскиот тим Алгесирас БМ и станува првиот македонски ракометар што играл во АСОБАЛ лигата. Но, поради семејни причини тој се враќа во Македонија во 2007 година и потпишува едногодишен договор со РК Металург – Скопје, каде што станува еден од најдобрите играчи. Во сезоната 2007–08 го освоил македонскиот шампионат, трет во неговата кариера. Потоа игра уште две сезони во РК Металург Скопје, каде во сезоната 2008–09 го освојува Купот на Македонија.


Во 2010 година, Ристовски потпишува двогодишен договор со РК Вардар. Во февруари 2012 година потпишува две и пол годишен договор со германскиот клуб ВфЛ Гумерсбах. По краткиот престој во египетскиот тим Ал Ахли во 2014 година, тој игра една сезона во францускиот тим УС Кретел Хандбол (2014–15) пред да се пресели во германски клуб Рајн-Некар Ловен, каде што останал една сезона. Потоа се вратил во Шпанија и играл две сезони за ФК Барселона Ласа. Набргу потоа потпишал со С.Л. Бенфика во Португалија во сезоната 2018-19. Од 2020 до 2023 година Борко настапува за РК Вардар каде и ја завршува својата играчка кариера во 2023 година. По пензионирањето тој останува во клубот како дел од раководната структура и ја извршува функцијата на извршен директор на РК Вардар.

Среќен роденден Борко од редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …