Концерт на Conspiracy, Lavina и Within Progress во клубот Маракана

На 25 ноември 2023 година во клубот Маракана, со почеток од 20:30 часот, ќе може да уживате во настапите на Conspiracy (Македонија), Lavina (Србија) и Within Progress (Грција).

Conspiracy се македонски треш метал бенд којшто е оформен во Скопје во 2016 година. Во првиот состав членуваат Стефан Трајкоски (гитара/вокал), Давор Капац (соло гитара), Иван Димишков (тапани) и Милош Благоjевиќ (бас). Во 2019 година го издаваат деби албумот „Dehumanized“ по што следат настапи во живо низ повеќе градови во Македонија.
Во 2020 година се раѓа еден нов Conspiracy со сосема поинаков звук, енергија и приказна со новата формација на Conspiracy која ја сочинуваат Стефан Трајкоски (гитара/вокал), Адриан Петров (соло гитара), Александар Стефановски (тапани) и Раде Биковски (бас). Во 2023 година со заедничка креација и нова енергија се раѓа и првата заедничка композиција на бендот наречена „Гнев“.


Лавина, прогресивен метал бенд базиран во Ниш (Србија), создаден средина на 2020 година. По формирањето, членовите на бендот го поминуваат најголемиот дел од времето пишувајќи и снимајќи песни за дебитниот албум на бендот – “ODYSSEY”, кој е издаден на 18 ноември 2022 година. Од тогаш, бендот има изведено промотивни настапи во неколку големи градови во Србија и планира да го помине останатиот дел од 2023 година промовирајќи го нивниот дебитен албум во соседните европски градови.
“ODYSSEY” претставува “вртлог” на различни вкусови, влијанија, емоции и животни искуства на членовите на бендот.

Within Progress е прогресивен/алтернативен метал бенд составен од пет членови од Тесалоники, Грција. Издале класично прог инспирирано EP “Oceans of Time” (2018), кој им помогнало бендот да го рашири својот мал круг на обожаватели во прогресивната фан база во Грција и надвор од неа. Нивниот прв целосен албум, насловен “INNER”, албум кој требало една година да се создаде, беше издаден во 2021 година. Тоа е најзрелата музичка и лиричка изјава на бендот до сега, со спојување на нивните најголеми прогресивни влијанија, структури на песни, мелодии, резултирајќи во 12 возбудливи музички композиции.
Членовите на бендот се обединети од концептот на променливоста, филозофска идеја која опишува непрекинатост и константно развивање, процес или состојба на умот. Издадениот албум зборува за овој концепт и е само мал дел од гигантската структура која групата планира да ја открие додека патува по својата еволуциска стаза.


Карта: 300 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …