Jingle Bells Symphony – Предновогодишна концертна бајка на Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерен Оркестар на Битола

Предновогодишниот период е секогаш резервиран за убави нешта, а 18.12.2023 година е дефинитивно датум резервиран за нова предновогодишна концертна бајка, со Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола. Под диригентската палка на единствениот Владимир Димовски, концертот ќе донесе комплетна новогодишна еуфорија во Македонска Филхармонија, а и ќе ја оживее премиерата на една поинаква зимска концертна приказна, насловена како „Jingle Bells Symphony“.

Концертот ќе започне во 20:00 часот и ќе вклучува нови аранжмани за оркестар и пет уникатни женски вокали. Публиката ќе има прилика да ужива во изведбата на светски најпопуларните Божиќни песни, како „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“ и многу други.


Овој бајковит музички репертоар ќе биде отпеан од исклучителните вокали на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, зачинет со звуците на маестралните музичари од Камерниот оркестар на Битола.

Не пропуштајте ја зимската концертна магија, која ќе се вреже длабоко во секое сеќавање и ќе ви пружи задоволство на сите сетила.


Картите се веќе пуштени во продажба, а може да се купат на следниот линк: https://mktickets.mk/en/event-en/jingle-bells-symphony/

Инаку, покрај најавата на концертот за месец декември, Сара Мејс изминатиот викенд снимаше видео запис за нејзината нова песна, „Очи Вселена“, а истиот премиерно ќе биде прикажан во текот на следната седмица.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …