КОЈ ЌЕ БИДЕ НАСЛЕДНИК НА ДАНИЕЛ КРЕГ: Новиот Бонд можеби ќе биде жена? Во „трката“ се и Хенри Кавил и Ричард Маден

Мистерија … Актерката со темни кожа Лашана Линч се споменува како најнеобичен кандидат за улогата на најпознатиот шпион на сите времиња, како и 20. нејзини колеги.
Колку и да го сакавме маестралниот Даниел Крег во улогата на тајниот агент 007, знаевме дека во одреден момент тој ќе биде заменет со нов актер. Потврдени се шпекулациите и објавен е списокот на можни нови протагонисти на овој акционен серијал.
„Не е време за умрирање“, познат и како „Бонд 25“, ќе добие нов главен актер по премиерата, а многу познати актери ќе се борат за оваа улога, дури и една жена. Од Том Хидлстон до Ричард Маден и засипнатиот Хари Стилс, има голем број кандидати кои наскоро би можеле да ги видиме како пијат мартини на малите екрани. Како што е познато, може да има само еден победник, а од публиката биле избрани дури 22. актери.

Втора шанса



Кого публиката го гледа како новиот агент 007? Хенри Кавил се истакна во трката за улогата. Тој се појавил на аудицијата за таен агент во 2006. година. Тој бил избор на режисерот, сепак, бил одбиен затоа што овој британски актер во тоа време имал само 22. години. Да му се дадеше улогата, тој сигурно ќе беше најмладиот Бонд на сите времиња. Дали е ова втора шанса на Кавил?
Друг омилен човек на кој многумина се обложуваат е учесникот во „Game of Thrones’ и ѕвездата на „Телохранител“ Ричард Маден. Секој потенцијален Бонд мора да докаже дека агентот може да биде и заводник, а Маден го правел тоа многу пати – го играл безнадежниот романтичен и воен херој Роб Старк, шармантниот принц во „Пепелашка“, акциониот херој во филмот „Ден на Бастилја“ и други. Импресивна биографија, признаваме.
Џејмс Нортон, 34-годишниот актер, исто така се најде на списокот на најпосакуваните актери. Неговиот профил е формиран во 2016 година со трикратен настап во „Среќна долина“, филмот „Војна и мир“, како и серијалот „Грантчестер“, во кој тој го толкува ликот на свештеникот со дискутабилен морален компас. Училиштата во Кембриџ и софистицираното однесување, според публиката, би можеле лесно да му ја обезбедат улогата на агент.


Вистина или заговор
Можеби најнеобичен избор би бил темномурестата британска актерка Лашана Линч. Сепак, сценаристката Фиби Волер-Бриџ претходно веќе потврдила дека Лашана ќе се најде во улогата на новиот Бонд. Без разлика дали станува збор за заговор или познатата серија за тајниот агент ќе ја добие својата прва хероина и ќе ги сруши стереотипите, ќе дознаеме наскоро.


Познат датумот на премиера
„Не е време за умирање“ пристигнува на 11. ноември
Поради ширењето на епидемијата на коронавирус и по детална проценка, било решено дека премиерата на новото, 25-то продолжение на серијалот за Бонд „Не е време за умирање“ ќе се случи на 11. ноември. Филмот наиде на бројни проблеми и доцнења во својата премиера. Имено, првото прикажување првично беше закажано за ноември минатата година, но набргу беше преместено во февруари, а потоа и во април.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …