Каратистот Павлов остана без медал на Европските игри

– Македонскиот каратист Емил Павлов со една победа и два порази го заврши настапот на Европските игри 2023 во Краков.

Павлов во воведниот натпревар загуби од полскиот претставник Милош Сабиецки (4-8), по што го совлада Турчинот Бурак Ујгур (6-0), но во решавачката борба испушти предност во самата завршница и претрпе пораз (4-6) од Стефан Команеску од РоманијаЗа Павлов ова беше трети настап на Европските игри на кои во 2015 година во Баку го освои бронзениот медал.


На Игрите 2023 настапуваат 17 македонски спортисти во седум дисциплини. ег/ир Фото: КФМ .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …