Македонските тенисерки убедливо го совладаа Исланд

– Македонската женска тениска репрезентација ја продолжи победничката серија во настапите во Били Џин Кинг купот, совладувајќи ги во Скопје попладнево Исланд со максимални 3-0 во рамки на четвртото коло од групата Б во Третата Европска зона.

Својот четврти по ред триумф македонската репрезентација го обезбеди по двата натпревари во поединечна конкуренција во кои Магдалена Стоилковска ја совлада Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови (6-1, 6-0), а со идентични 2-0 (6-2, 6-0), Лина Ѓорческа беше поуспешна од Софија Солеј Јонасдотир.


Откако победникот беше познат селекторот Димитар Лабудовиќ им даде шанса на помладите тенисерки Ива Данева и Александра Симева, кои во натпреварот во двојки со 6-3, 6-3 беа поуспешни од исландскиот дубл Гронхолм/Јонасдотир.

Со четири победи по четири одиграни кола македонските тенисерки се на лидерското место пред завршниот натпревар од групната фаза утре против Молдавија. ег/ир Фото: МТФ .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгите „Зборовите на безгласната девојка” и „Моќта на безгласната девојка” од Ивана Јанева

Денеска, во кафе книжарница „Booksy.mk” во Куманово, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи …