Противпожарни екипи пронашле пет мртви тела во запалена куќа во Германија.
Случајот се случил во западна Германија во провинцијата Бергишес Ленд во градот Радевормвалд недалеку од Вупертал.
Wohnhausbrand: Fünf Menschen in Radevormwald gestorben https://t.co/s4xCVAOdbc pic.twitter.com/PPzUU1ES74
— WAZ (@WAZ_Redaktion) February 12, 2021
Пронајдени се тела на мали деца на возраст од една и четири години. Пронајдени се и телата на нивните родители, а според Fokus, меѓу загинатите имало и една баба.
Пожарникарите добиле итен повик вчера околу 17. часот. По два часа гаснење на пожарот, пожарникарите го предале случајот на полицијата.
Според првите информации од полицијата, причина за нивната смрт не бил пожар.
Криминалистичката полиција соопштила дека е можно да се работи за убиство и самоубиство – се сомнева дека таткото го убил целото семејство, а потоа и самиот себе.
Повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот.
Фото: Притнскрин/Twitter