(ФОТО) Министерот Филипче го посети интернистичкиот блок на Клинички кој е реновиран после 70 години

Завршено е реновирањето на заедничките простории на Клиниките во објектот на интерни клиники во кампусот Клинички центар, кои се во функција на Клиниките за гастроентерохепатологија,  нефрологија,  за очни болести, за уво, нос и грло, ендокринологија,  дерматологија и Клиниката за пулмологија.
Објектот на интерните клиники кој се состои од подрум, приземје и три ката и има вкупна корисна површина од 24.500м2, од изградбата па се до денес нема извршени значителни санации и реконструкции. Во интернистичкиот блок кој е во функција од 1953 година за првпат е реновиран. Објектот беше со дотраени заеднички простории, санитарни јазли, чекални, стара, оштетена и непропорционално димензионирана внатрешна и надворешна столарија, дотраена обработка на ѕидовите и подовите.
Првпат после 70 години подовите и ѕидовите во ходниците се комплетно обновени со нови плочки, останатиот дел од ѕидовите се свежо бојадисани и обработени со ѕидна техника. Обновени се скалишните јадра, ходниците и чекалните. Вкупна вредност на договорот за обнова на заедничкиот дел на Kлиниките за интерни болести е 30.281.044,00 денари.
На Клиниката за ендокринологија целосно е реновиран одделот за интензивна нега, дел од болничкото одделение и собата за изолација. Реновиран е третиот кат на Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за очни болести. На Клиниката за нефрологија целосно се реновирани одделите за интензивна нега, трансплантација, дијализа и васкуларни пристапи, и останатите Клиники во склоп на објектот ги реновираат своите простории и на овој начин пациентите добиваат достоен и модерен пристап до здравствена заштита, а вработените достоинствени услови за работа.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утрово го посети интернистичкиот блок во склоп на Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, кој после 70 години е реновиран.
Филипче имаше средби со директорите на Клиниките и направи обиколка на одделите за интензивна нега, болничките одделенија на Интерните клиники кои се во целост обновени. Најстарата зграда на Интерно беше реновирана, независно што работеше во полн капацитет со ковид пацинети. Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за уво нос и грло и Клиниката за очни болести, заедно со Клиниката за неврологија и Клининиката за кожни болести, дневно згрижуваа и по 400 ковид пациенти.
На состанокот директорите од интерно посочија дека со реновирањето на Клиниките пациентите добија достоен пристап до лекување, а медицинскиот персонал нормални услови за работа.
Со намалувањето на бројот на ковид позитивни болни кои бараат болничка нега и терапија, дел од ковид центрите се затворија и продолжија со нормална динамика на работа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот сликар Јован Шумковски

Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар …