Каков кармин да одберете според тенот на кожата?

Без разлика дали сте храбри со боите или бирате неутрални тонови, кога се работи за шминка карминот е задолжителен. Усните се најубавиот и најпривлечниот дел од женското лице, и токму затоа заслужуваат да бидат истакнати и обоени во боите во кои жената се чуствува најпријатно и секси.
Сепак, многу жени сеуште не знаат кои тонови и нијанси на кармин одговараат на нивниот тен, и ова не се однесува само на младите девојки – и поискусните често не се сигурни па со години се држат до една нијанса, а уште полошо, некои од нив со години се држат до погрешната нијанса!
Ама, надвор е пролет а ние сме инспирирани за шаренило, па можеби е вистинското време за промена да ги погледнете овие совети за тоа кои бои и нијанси на кармин одговараат на вашиот тен:

Прво, одредете ја нијансата на вашиот тен
Нијансите на тенот најчесто се делат на светли, средни, маслинести и темни. Светлите и средните тенови обично имаат розеникава нота, додека маслинестите и темните имаат повеќе жолтеникава. Доколку не сте сигурни во која група спаѓате, искористете го овој едноставен трик: свртете ги зглобовите на рацете кон вас и погледнете си ги вените. Дали нивната боја повеќе ви изгледа на сина или на зелена? Или нешто измеѓу што нема шанси да го дефинирате?
Доколку вените ви изгледаат дека имаат сина боја, вие најверојатно имате светол или среден тен, односно вашата кожа повеќе удира на розе тонови отколку на жолти.
И обратно, доколку вените ви изгледаат дека имаат зелена боја, најверојатно тенот ви е потемен, со тонови на повеќе жолта боја.
Доколку пак не можете точно да одредите, вие веројатно спаѓате во групата “среќници” чиј тен е маслинест или најблиску до тоа, а тоновите се еднаква комбинација од розе и жолта боја. Велат дека за оваа група одговараат речиси сите бои на кармини.
Друг начин да го одредите тенот е трикот кој го користат жените во САД: видете каков накит повеќе ви одговара – златен или сребрен? Обично сребрениот накит подобро одговара со посветлите тенови и розовите ноти, а златниот подобро се истакнува на потемен тен.


Каков кармин да одберете ако имате светол тен?
Светлите, а тука спаѓаат и оние “порцелански” тенови, бараат боја на усните. Но не и премногу боја, бидејќи може да го одземе целото внимание и премногу да “дречи”. Нежно розовите нијанси како Peach Passion добро одговараат на овој тен, а ако сте расположени за нешто похрабро, ви ги препорачуваме корално-портокаловите нијанси на кармин, како што се Tempting Orange и Coral Craze.
Што доколку имате среден тен?
На средниот тен најдобро му стојат нијанси на кармин во неутрални и бакарни тонови. Nude Appeal е одличен избор за секојдневна употреба, а не се плашете да експериментирате и со бакарните и златните тонови за вечерните излегувања.
Искористете ги предностите на маслинестиот тен!
Како што кажавме и погоре, маслинестиот тен се смета за најпогоден за речиси сите нијанси на кармини, па не се плашете да ги истакнете усните во храбра црвена или возбудлива бордо боја. Red Rose или Red Fever ќе направат сечија глава да се сврти кога ќе влезете во просторијата.
На крај, кои се совршените нијанси на кармин за темен тен?
На девојките и жените со потемен тен најубаво им стојат потемните нијанси, оние лилавите и оние со боја на вишна. Обидете се со Purple Power или со Cherry Crave, и бидетеподготвенизакомплиментитештоследуваат!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …