*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Зодијакот има многу тајни па овојпат ви откриваме како да се заведе секој маж според неговиот хороскопски знак…
Малку помош никогаш не е на одмет…
Овен
Овните сакаат силни жени – смели, независни, самостојни, но никогаш агресивни. Се грозат од жените кои им дишат зад вратот.
Мажот Овен сака да презема иницијатива. Го привлекува жена која за него изгледа „недопирлива“.
Бик
Нагласете ја женственоста, сензуалноста. Бикот сака убави жени кои знаат да создадат опуштена атмосфера.
Тие сакаат ресторани, па затоа ова е идеално место за средба. Со вино и добра вечера, сè оди полесно со него.
Близнаци
Дефинитивно ќе ги придобиете со својата приказна, шарм, шеги. Истакнете ги вашите хоби и таленти.
Тој обожава жени кои отворено флертуваат и си играат со зборови. Го возбудуваат жени кои ментално му парираат.
Рак
Него ќе го „соборите“ со вашата женственост, сензуалност, благодат, нежност. Тој не сака прекумерно досаѓање. Тој сака жени кои сакаат деца, готват.