(ВИДЕО) Куче случајно упаднало на трка па го освоило првото место и ја воодушевило публиката

Трчачката Грејси Лејни водела во штафетната трка, но не очекувала дека едно куче наскоро ќе и ја одземе предноста.
Лејни, матурантка од гимназијата Логан во САД, гледала кон целта во моментот кога на патеката и се придружило куче, кое за многу кратко време успеало да ја стигне, па дури и да ја победи.
„Отпрвин мислев дека е тркач, но потоа сфатив дека тоа е куче“, изјавила Лани за The Dodo.


„Не бев подготвена за таков предизвик“, се пошегувала таа.
Кога кучето стигнало до целта, публиката подивела од воодушевување.
„И покрај тоа што завршив на второто место, јас бев многу среќна. Кучето ја заслужи победата, бидејќи тој навистина вложи напори. Жал ми е што не се сликав со него или не го галев”, заклучила Лејни.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Љубов или носталгија? Овие четири хороскопски знаци тешко ги забораваат бившите партнери

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …