Адвокатката на легендарниот актер Роберт де Ниро открила дека актерот нема пари и дека мора да ги прифати сите улоги што му се нудат, бидејќи неговата поранешна сопруга е зависна од купување облека од познати модни куќи и дијамантски прстени, на што троши милиони.
Адвокатката Каролина Краус рекла дека е важно да се објасни дека скапиот развод е најверојатно причината поради која Де Ниро прифаќа улоги во лоши филмови и зошто од „Ловец на елени“ и „Кум II“ отишол во улоги во обични комерцијални филмови, но исто така и до реклами за британски брендови.
На судот во Њујорк, таа рекла дека Де Ниро има 77. години и ја сака својата работа, но дека не е во ред што треба да работи со ова темпо.
View this post on Instagram
„Кога ќе има шанса да одбие проект што му е понуден? Да не мора да работи шест дена во неделата 12. часа на ден. Да не мора да ја задоволи жедта на Грејс за парчиња прескапа облека. Тој може да се разболи утре и тогаш сè е готово”, рекла Каролина Краус на суд.