ЈЗУ Општа болница Охрид со свое „Роса школо за родителство“

Од денеска и охриѓани добија свое „Роса школо за родителство“ лоцирано во ЈЗУ Општата болница во Охрид, во кое сите заинтересирани идни родители ќе можат бесплатно да посетуваат едукативни работилници поврзани со родителството и негата на новороденчето, и тоа од стручен тим од доктори специјалисти кои ќе работат во рамки на школата.

Ова школо е донација од Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, а во партнерство со Министерството за здравство, а средствата за негово опремување беа собрани преку претходно спроведена кампања, во која се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише „Роса“ вода од 1,5 л.


На денешното отворање на „Роса“ школото, одговорната од Пивара Скопје за проектот „Роса школи за родителство“, Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, официјално го предаде клучот на директорката на Општата болница во Охрид, со што ова школо симболично беше пуштено во употреба.


„Како наближуваме кон крајот на проектот за оваа година, со големо задоволство можам да кажам дека навистина имавме успешна година и 2019 ќе ја заокружиме со три нови ‘Роса’ школи за родители, или вкупно шест од почетокот на проектот. За нас како општествено-одговорна компанија ова е исклучително значаен проект, првенствено бидејќи се први школи од ваков тип во јавниот сектор во земјава и искрено нѐрадува фактот што предизвикуваат голем интерес кај граѓаните. Искрено верувам дека преку нив успеваме да направиме позитивен придонес во здравството воопшто“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, бренд менаџер за безалкохолни пијалациво Пивара Скопје.

„Благодарни сме за оваа донација од страна на Пивара Скопје, но секако и на Министерството за здравство што одлучи и нашата болница да добие ‘Роса’ школо за родители. Во рамки на школата ќе работи стручен тим сочинет од гинеколог-акушер, педијатар и дипломирана акушерска сестра, со што верувам дека ќе успееме стручно и професионално да одговориме на потребите на сите заинтересирани трудници и идни родители. Воедно упатувам и апел до нив да се пријавуваат за обуките директно во Општата болница, бидејќи истите ќе понудат одлично искуство за родителите, но и ќе ги охрабрат подготвени да го дочекаат родителството и сите предизвици што ги нуди“, изјави Прим.М-р.СлавицаМалескаСтојадиновиќ, директор на ЈЗУ Општа болница- Охрид.


Досега на територијата на земјата се отворени вкупно 4 „Роса“ школи, од кои три во 2018 година, во Битола, Скопје и Гостивар и едно во 2019 година, во Струмица, а до крајот на годинава се очекува отворање на уште едно, во Општата болница во Куманово.На прес-конференцијата одржана во Поликлиниката „Јане Сандански“ на почетокот на месецов, Пивара Скопје и Министерството за здравство потпишаа и Меморандум за соработка, со кој се обврзаа дека во 2020 година ќе се отворат уште три нови „Роса“ школи за родители.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …