Јелена Розга најави спектакуларен настап на MAC и испрати покана до фановите: „Ќе биде шоу за паметење, придружете ми се”

Белградската Штарк арена за точно една недела ќе биде епицентарот на музичкото случување, и тоа во рамки на Music Awards Ceremony (MAC) powered by MaxBet, регионалната церемонија на доделување музички награди организирана од Скајмјузик. Најголемите музички ѕвезди од регионот ќе настапат на 25 и 26 јануари, а подготовките за најспектакуларниот веќе се во тек! Интересот на публиката е огромен, а заради многу ограничениот број влезници за нивото 200, вчера беше пуштено во продажба и нивото 400. Билетите се достапни преку efinity.rs, апликацијата e_Finity, во ТЦ Рајиќева и на билетарницата на Штарк арена.

MAC, за чија организација е задолжен за Скајмјузик, како и на претходните две изданија, повторно ќе ги собере најголемите музички имиња од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија, а една од најпопуларните пејачки на Балканот, Јелена Розга, покрај тоа што во рамките на својата регионална турнеја ќе настапи на 7 април во Белград во организација на Скајмјузик, забележителен настап ќе има и на првиот ден од свеченоста, 25 јануари во Штарк арената. По тој повод Јелена ги покани своите фанови да бидат дел од најгламурозниот музички настан на овие простори.


„Многу се радувам што и оваа година ќе учествувам MAC, церемонија која по сите критериуми навистина може да се натпреварува со најголемите светски музички настани. Ја имав честа да учествувам во првите две изданија на MAC, кога ги претставив моите песни „Моје пролеќе” и „Свето писмо”. Се радувам што и годинава ќе имам можност на 25 јануари да ја поделам сцената со моите драги колеги. На мојата публика и на сите што ќе дојдат им ветувам спектакуларен настап и ги поканувам да ми се придружат во Штарк арената. Знам дека и другите колеги ќе вложат многу труд и дека ќе направиме шоу за паметење”, вели таа.

This image has an empty alt attribute; its file name is Jelena-rozga-foto.jpeg


Јелена е номинирана во категориите ВИРАЛ и КОЛАБОРАЦИЈА за нумерите „Ти и ја” што ја сними со Саша Матиќ и песната „Зар је љубов спала на то” што ја отпеа со Матија Цвек, за кои публиката може да гласа преку официјалната веб-страница на MAC и преку официјалниот Јутјуб-канал на настанот.

Своето учество на најголемата регионална манифестација на доделување музички признанија го потврдија и Констракта и Земља грува, Рибља Чорба, Емина Јаховиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ, Халид Бешлиќ, Лексингтон Бенд, Петар Грашо, Сара Јо, Тончи Хуљиќ, Каролина Гочева, Џокер аут бенд, Воајаж, Нучи, Теодора, Црни Церак, Лацку, Николија, Девито, Цоби, Милица Павловиќ, Зера, Сергеј Пајиќ, Сајфер, Махрина, Амна, Мими Мерцедез, Албино, Вераја и бендот 2Бона.


Александра Тимковска

Фото: Џон Павлиш

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот краток филм „Мала шега“ влезе во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот …