Една анонимна жена неодамна ги прашала корисниците на веб-страницата „Mumsnet“ дали таа и нејзиниот сопруг претеруваат со размена на моменталните локации меѓу себе 24 часа на ден. Како што објаснува таа, тоа го прават чисто од практични причини.
„Ние практикуваме споделување локација со години и 24 часа на ден“, рекла таа и додала:
„Значи, секогаш можам да видам каде е тој и обратно. Тоа е навистина корисно, бидејќи не мораме да пишуваме пораки ‘каде си’ или да објаснуваме како сме ‘заглавени’ во сообраќајот и слично. Исто така, не мора да се грижиме еден за друг ако доцниме…“
Како што истакнува, никогаш немало сомнеж за измама во нивната врска, бидејќи тие целосно си веруваат еден на друг.
„Понекогаш има денови кога не ни проверувам каде е, но мислам дека е добро што ја имаме таа опција, кога ни треба. И двајцата сме задоволни од овој аранжман, но кога пред некој ден и кажав на другарка ми дека одев да проверам дали маж ми е дома, таа реагираше како да правам нешто страшно“, се пожалила девојката.
„Таа беше преплашена и се однесуваше како да го контролирам и злоупотребувам, иако тој ја има истата опција. Оттогаш, оваа опција им ја спомнував на другите пријатели и добив различни реакции. Некои парови го прават истото, додека другите мислат дека сум чудна. Дали е тоа нарушување на приватноста на партнерот?“, прашала таа на веб-страницата.
„Јас не ја делам локацијата со мојот сопруг, ниту тој со мене, но со мојата 15-годишна ќерка, секогаш знам каде е“, рекла една корисничка.
„Мојот сопруг никогаш не ја прашал мојата локација, но ако ја побараше, без проблем ќе ја споделив со него“, додала друга.
Фото: Архива