Интервју со Vlado’Yo: Работам на нов албум, а следниот голем настап е на фестивалот Андерфест

Vlado’Yo роден на 07.08.1994 во Струмица, за прв пат на музичката сцена се појавува со влегување во хип хоп групата Конфликт.

Првата негова песна заедно со Конфликт е објавена на 20 Август 2015 со која го забележува првото негово присуство во хип хоп музиката. Тој работи како продуцент, beatmaker и MC во Euphoria.


Владо ќе свири на фестивалот UNDERFEST 2019 во Скопје на 06 април, оваа 2019 година.

Дали можете да ни кажете нешто повеќе за тоа како и каде започна вашата музичка кариера?


Пред околу 5 години се вклопив со екипа која правеше рап музика, бевме истомисленици се најдовме на иста фреквенција па така се вклопивме заедно во екипа Конфликт. Во тој период имав прилика да ја снимам мојата прва песна „Состојба на умот“. Од тогаш па се до денес неуморно работам на својата музичка кариера.

Од 2018 година започнувате со соло кариера, колку песни имате снимено до сега и дали планирате издавање на албум?


Во мојата соло кариера до сега имам извадено 7 песни, на некои од нив имам работено со колега воедно другар Томи кој се јавува и како гостин во некои од песните. Може да најавам соло албум кој веќе се работи на него, се надевам дека ќе биде во најбрз можен рок.

Што мислите за моменталната рап и хип хоп сцена?

Моменталната рап и хип хоп сцена е преполна со егоисти и нереалисти па резултат на тоа е недоволно развиената култура во нашата држава. Се надевам дека еден ден ќе се смени сето тоа и ќе има соработки меѓу нас младиве артисти кој носиме нов бран на музика па така ќе биде истакнета оваа сцена.

Кои се вашите следни планови?

За во иднина имам преполна торба планови и скици, се работи на нови песни, спотови, на веќе спомнатиот албум и исто така работам и на соло проектот „КРУГ“ така да се надевам 2019 ќе биде поплавена од проекти.

Ќе настапите на фестивалот Андерфест, како дојде до овој настап и дали имате покани да настапувате и на други фестивали?

Ќе бидам дел од настаните на Андерфест, добив покана од еден од организаторите за да земам учество на Андерфест што пак ќе кажам дека фалат вакви настани за да може да се негува културата. Имам неколку покани за настапи за оваа година сепак се надевам дека ќе имам уште многу покани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …