Големо срце – Босанец на болен сограѓанин му донирал 5.000 евра за лекување

Санел Хаџиќ, Босанец кој живее во Шведска, на свој сограѓанин од родниот Бишчан му уплатил 10.000 ковертибилни марки (околу 5.000 евра) за итна операција, пишува Biscani.net
На споменатиот портал едно семејство му се обратило за помош, барајќи да ја објават нивната молба за позајмување на тој износ, а како гаранција дека ќе биде вратен понудиле дел од својата семејна куќа.
Санел веднаш реагирал на оваа молба и одлучил да им ги донира потребните пари без никаква гаранција.
„Разговарав со семејството и многу ми е жал што тоа им се случува. Ми понудија договор кај нотар нивната куќа да биде гаранција дека ќе ми ги вратат парите, но јас не го сакам тоа. Јас исклучиво се јавив за да му помогнам на семејството и парите да им ги ’подарам’. Тоа ќе го направам како што сум ветил. Алах да им го олесни и реши здравствениот проблем што порано“, изјавил Санел за порталот Biscani.net.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …