По грешка уплатил две ливчиња за Лото со исти броеви и освоил 30. милиони евра

Еден среќник од австралискиот град Сент Албанс, недалеку од Мелбурн, освоил вкупно 46. милиони австралиски долари (околу 30.милиони евра) откако по грешка уплатил две ливчиња со исти броеви.

„Останав без зборови, не можам да верувам“, бил неговиот коментар кога ја дознал среќната вест.
На двете ливчиња означил идентични броеви, на кои игра последните 30. години, пишува The Guardian.
„Играм секоја недела. Секогаш означував исти броеви, но не ги бирав посебно. До сега не беа посебни, но сега секако се“, реко тој.
Открил дека парите ќе ги подели со најблиските, но дека сеуште не е сигурен на што ќе ги потроши.
„Размислувам за тоа да одам во пензија, но пред тоа ќе си купам нова куќа и ќе одам на одмор“, заклучил тој.
Среќниот добитник не бил свесен дека два пати добил на Лотарија бидејќи мислел дека уплатил ливчиња за две различни извлекувања, но бидејќи по грешка во тоа извлекување учествувал со две ливчиња, неговата добивка се зголемила.
Имено, броевите ги погодил уште еден маж од Мелбурн и, да уплател само едно ливче со него ќе морал да ја дели добивката пополовина. Но, бидејќу уплатил две ливчиња, сега добивката се дели на три дела, а тој задржува две третини.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …