По повод месецот на франкофонијата: Утре во Кинотека разговор со Седрик Гра и Грегоар Леменаже

Францускиот институт во Скопје, в четврток, (28 март) со почеток во 17 часот, во Кинотека организира разговор со двајца реномирани француски книжевници, г-дин Cедрик Гра, патописец, и Грегоар Леменаже, уредник на културната редакција на списанието „Ле Новел Обсерватер“, на тема патописна книжевност, како и во знак на омаж на големиот патописец Никола Бувие.

По воведниот разговор, следат проекции на документарните филмови: „Бувот и китот“ на Патрисија Платнер (1993) и „Враќањето на Бувие“ на Јордан Плевнеш (2010). Господинот Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје, ќе се обрати пред проекцијата на документарниот филм.
Настанот е со превод на македонски јазик, а влезот е слободен.


Манифестацијата е дел од серијата настани во знак на одбележување на Франкофонијата, кои се посветени на делото на швајцарскиот автор, патописец и режисер Никола Бувие, а се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Кинотеката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …