Интервју со скопскиот бенд Conspiracy: Не очекувавме дека за нашата музика може да има толкав интерес

Conspiracy e скопски бенд кој победи на Лузер Фест претходната година. Станува збор за треш метал бенд кој веќе има настапувано на многу музички манифестации и клубови. Членови на бендот се Стефан Трајкоски (вокал, ритам гитара), Давор Капац (соло гитара), Иван Димишков (тапани) и Милош Благоевиќ (бас гитара). Редакцијата на ЕКРАН поразговара со членовите на бендот, за нивните идни планови.

• Вие сте млади, но многу талентирани музичари. Велат музиката знае да биде наследна особина. Дали некој од вашите родители се занимавале со музика?


Благодариме на комплиментот. Во нашиот бенд само Милош потекнува од музичко семејство. Секако дека кога се искуствата и контактите во прашање, неговото семејство ни помага. Сите ние доаѓаме од приватни музички училишта каде, покрај тоа што не учеа да свириме, имавме можност да научиме и како треба да се однесуваме на и позади сцена.

• Каде би сакале да свирите? Имате ли посакуѕвана дестинација?


Планот е оваа година да ја прошетаме нашата земја. Сакаме следната година да направиме турнеја низ бившите југословенски републики. Секако дека сакаме да ги посетиме и големите метал фестивали по светот. 🙂


• Кој фестивал според вас е врвот на музичката сцена?

Кога се работи за фестивали во нашата земја, за нас битни беа двата натпреварувачки Лузер Фест и Рок Фест. Ние завршивме со натпреварувањето. Во Јули не чека Д фестивал на кој со нетрпение чекаме да се појавиме на сцена. Би сакале да земеме учество и на Таксират и Земјотрес оваа година. Кога се работи за странски фестивали, нашиот омилен фестивал е Wacken Open air Festival во Германија.

• Каде свирите најчесто? Каде ги правите вашите проби?

Почнавме наивно. Не очекувавме дека за нашата музика може да има толкав интерес. Свиревме неколку свирки по скопските кафулиња и ноќни клубови и почнаа да се случуваат фестивали. Многу сме среќни што сме застапени скоро на сите фестивали на кои сакавме да свириме. Вежбаме во куќата на бабата и дедото на Иван. Ја користиме оваа можност да им се заблагодариме на нервите 🙂

• Планирате ли издавање на албум?

Како нагрaда од Пасворд продукција, за победата на Лузер, добивме издавање на албум. Албумот во моментов го работи за нас најдобриот продуцент на нашиве простори Валентино Скендеровски кој покрај тоа што ни е продуцент, нам ни е и ментор од кој секојдневно учиме нови работи. Материјалот е готов. Очекувајте го нашето првенче во ноември.

• Кој настап досега ви оставил најсилен впечаток?

Дефинитивно настапот на Лузер ни е најомилен но ако мораме да издвоиме тогаш овогодинешниот Iron Mkden ни остави најголем впечаток. Свиревме пред публика која е љубител на слична музика на нашата. Таа вечер беше голема одскочна даска за нашиот бенд. Им благодариме на организаторите на укажаната доверба. Не смееме да не го споменеме и Коноп Фест каде што прв пат се качивме на сцена со познати македонски имиња. Публиката беше прекрасна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …