(ФОТО) Најголема среќа: Парализиран од вратот надолу но станал татко!

За жал Том не може своето дете да го држи во раце, но ќе му пее и раскажува приказни. Синот го нарекле Ори што на хебрејски значи „Мојата светлина“.
Том Набаро (33) останал парализиран од вратот надолу, откако настрадал во несреќа на сноуборд. Инженерот за софтвери од Окфордшир мислел дека шансите еден ден да стане татко му се никакви.Но, неговата сопруга Елен родила пред шест недели. Синот го нарекле Ори што на хебрејски значи „Мојата светлина“.
Том за жал нема да може да го држи својот син но раце, но ќе му пее и раскажува приказни.
„Најмногу се грижев дека никогаш нема да имам деца. Ова е апсолутно неверојатно и прекрасно. Уживаме во секој момент. Би сакал да го држам во раце, но наместо тоа се фокусирам на работи кои можам да ги правам“, вели Том.
Тој настрадал во 2007. година во Бугарија. Три пати имал застој на срцето и три недели бил во несвест. Скоро една година бил во болница, а Елен била покрај него.
Се венчале во 2012. година. Неговата состојба ги спречувала да имаат нормален сексуален живот.
„Разговаравме за деца. Неколку години се концентриравме на мојата кариера и општествениот живот, но тогаш се обидовме да зачнеме. Моите лекари беа многу позитивни околу тоа, но животот не е едноставен и не верувавме дека ќе успееме. Кога Елен остана бремена, бевме многу среќни“, раскажал Том за Daily Mail.
„Бременоста мина во ред, а полот на детето го чувавме како изненадување“ вели Елен.
Семејството се надева дека Ори еден ден ќе добие брат или сестра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино утро“ за најмладите во Кинотека

Кинотека ја почнува новата година со богата и разновидна програма за љубителите на филмската уметност. …