Интервју со Ламбе Алабакоски, Здравје Боже само со работа се ќе биде

Екран во соработка со „Скендеровски Продукција“ и проектот „Македонијо во срце те носиме“ ви го презентира интервјуто со Ламбе Алабакоски. Тој е скромен човек со огромно срце кој „владее“ на сцената веќе подолго време. Ламбе секогаш има што да каже на музички план, но исто така даде мошне интересни одговори и на нашите прашања. Прочитајте !!!
Потекнуваш од музичко семејство, дали тоа ти наметна и ти да се занимаваш со музика?
-Не, никогаш ни моите не ми наметнуваа да се занимавам со музика . Кај нас музиката била присутна во домот од љубов. Јас сакав од мал да свирам и пеам се сеќавам дека прва песна што ја научив на пијано беше Билјана платно белеше, а  потоа се запишав средно музичко во Битола и завршив во Скопје, отсек теорија и соло пеење. За денес да се занимавам со популарна музика.

 

Се промовираше на „Плеј потрага по звезди” каде беше победник на ова музичкото шоу што те направи популарен. Какво беше чуството и како се соочи со популарноста?
-Навистина бев многу мал кога ми се случи победата на М2 и екстремно популарен станав преку ноќ. Можеби тоа што бев во тим од професионалци ми помогна добро да се држам на земја и моето домашно воспитување исто така направија да останам нормален.


Сними доста песни, албуми, имаше многу настапи и во пикот на кариерата се одлучи да заминеш во странство. Што те натера да заминеш?
-Одлучив да направам пауза да ги видам работите од страна и да се посветам на семејството. Некогаш е добро да се прават паузи од музиката за да не се пренаситиш од се!

 

Интересно е што после седум години поминати во САД се врати повторно во Македонија. Имајќи го во предвид фактот дека ретко кој од младите се вратил, што беше пресудно да ја донесеш оваа одлука?
-Најпресудно беше тоа што сакав моите деца да растат како мене во својот народ со својот мајчин македонски јазик меѓу твоите луѓе и фамилија.

 


Се оствари во улогата на сопруг и татко. Каков е Ламбе како сопруг и татко?
За ова ми е натешко да зборувам најдобро би било да ја прашате соругата Магдалена но со оглед на тоа дека таа не сака да зборува јавно не би имале ни одговор. Самото искуство што го носи оваа улога го прави човекот татко и сопруг е сега дали сум добар не знам но се трудам да бидам колку што е можно повеќе другар со моите и да има лојалност и патријархалност!

 

 Дали твоите деца се музикални и го имаат наследено талентот за музика од тебе?
-Имаат слух и љубов кон музиката па ќе видиме кој како сака.

 


 

Најново од тебе е препевот на песната „Оган да го гори” која е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме”. Како дојде до оваа соработка и што значи за тебе учеството во овој проект?
-На покана на сега моите пријатели Бојана и Васко нивна беше идејата за ваков проект. Горд сум што во сплет на околности и ми падна да ја испеам „Оган да го гори“ која ми беше желба оддамна да ја препеам како и многу други песни испеани од Гоце Николовски. Ќе кажам уште еднаш се гордеам со овој проект и успехот до сега е навистина голем и многу ми е мило што добро ја прифатија оваа преработка, огромна благодарност и до Николче Мицевски кој стои зад аранжманот.

Како го поминуваш летово и дали може да очекуваме нешто ново од тебе?
Летово и работно со концерти и со семејството и на море, снимив неколку песни следно скоро оваа недела е фестивалот во Битола Ех таа серенада, каде што имам комплетно нова песна потоа следува Макефест каде што имам дует и наскоро ново видео за кое сеуште одлучуваме за која песна ќе биде. Сакам сите мои синглови досега и нешто ново да ги ставам на цд како нов албум. Здравје Боже само со работа се ќе биде.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …