Хороскопски знаци кои се совршен спој а не можат да бидат заедно

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Некои знаци на Зодијакот совршено се вклопуваат по карактерот и често се споменуваат како идеални парови, но премногу сличности можат да бидат лоша работа, како што е случај во следните комбинации.

Овен и Лав: Гордост
На оваа комбинација нема да и недостасува интензитет или страст.И во мисли и акција, никогаш нема да има здодевен момент за Лав и Овен. Нивната енергија меѓусебно ги поттикнува да ги испробуваат работите од кои се плашеле. За жал, обајцата се толку горди знаци, па се појавува нездрава конкуренција што создава раздори во врската.


Стрелец и Терезија: Доверба
Тие го извлекуваат најдоброто еден од друг на емоционално ниво затоа што комуникативната и трпелива природа на Терезијата одговара на филозофската и либералната личност на Стрелецот. Оваа интеракција им овозможува да размислуваат за искуствата од минатото, па дури и за длабочината на нивните чувства, но проблемот се јавува кога станува збор за доверба, бидејќи овие знаци се плашат од приврзаност и нема да сакаат да го направат првиот чекор.

Близнаци и Водолија: Сузбивање на емоциите
Овој пар функционира многу добро на повеќе нивоа, особено затоа што зборуваме за знаци кои често се чувствуваат изолирани затоа што се толку уникатни. За жал, нивните комуникациски вештини не се протегаат на нивните емоции бидејќи и двајцата обично бегаат од своите вистински чувства. На овие знаци можеби ќе им требаат малку понежни партнери за да ја откријат нивната ранливост и чувствата што ги потиснувале.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …