Град Скопје: Се реконструира булеварот „Крсте Мисирков“ кај МАНУ

Градоначалникот Шилегов денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков во делот на општина Центар. Булеварот се реконструира на потегот на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај Мавровка, во должина од 550 метри.


– Пред две години завршивме со реконструкцијата на првата фаза од истиот булевар која го опфаќаше потегот од Мавровка до Бит Пазар, го реконструиравме и бул. Кочо Рацин на потегот од  бул. К.Ј.Питу до бул. Св. Кирил и Методиј.  Ако на тоа ја додадеме и изградбата на бул. Х.Т. Карпош, како и реконструкцијата на улицата Бихачка кои ги завршивме изминативе 2 години, можеме да кажеме дека главната сообраќајна артерија на правецот север-југ од Водно до северниот дел на скопската обиколница е во одлична состојба. Реконструкциите на сите улици од и од годинешнава градежна офанзвиа ги завршуваме со рекордно кратки рокови со цел да обезбедиме услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж. Новите стандарди на квалитет во работењето, градењето по план и рекордно брзите рокови во кои ги завршуваме реконструкциите се нешто што граѓаните го препознаваат и поздравуваат секојдневно – рече Шилегов.


За реконструкцијата на оваа сообраќајница од Буџетот на Град Скопје ќе бидат потрошени околу 32 милиони денари, а реконструкцијата се предвидува да заврши во рок од 45 дена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …