На социјалната мрежа Твитер се појави видео од жена која наводно била претепана за време на протестот во Кабул.
– Рабиа Садат наводно била претепан од Талибанците за време на протестот во Кабул. Апсолутно за осуда – е еден од коментарите предизвикан од објавеното видео.
Да потсетиме дека неколку десетици авганистански демонстранти се собраа вчера пред претседателската палата во Кабул.
From the protest in Kabul. I expected TB won't tolerate these daily protests for very long. They're already cracking down on them. #Afghanistan pic.twitter.com/BuRfqL6pZb
— FJ (@Natsecjeff) September 4, 2021
Тие го повикаа новото талибанско раководство во земјата да ги почитува правата на жените и да ги вклучи во идната влада.
На еден од влезовите во претседателската палата, десетина жени рекоа порачале дека не сакаат земјата да се врати во минатото.
Фото: Принтскрин/Twitter