Првото куче од „Лајка“ отпатува во САД: Дарио ќе го живее американскиот сон!

Заловено од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, Дарио од денеска го живее американскиот сон.

Red Women’s Beauty Facebook Post

По повеќе од три месеци поминати во „Лајка” и по долга и напорна работа, Дарио на 2 септември 2021 година се збогуваше со сите наши вработени, подготвен за патот од 16 часа, преку Виена до Чикаго.


На ова видео можете да го видите животот на Дарио, од моментот кога беше најден, до моментот кога комотно си лежи во креветчето во новиот дом во САД.


Дарио, кој има  две години, е првото куче од „Лајка” што патува надвор од земјава и се вдомува прекуокеански, согласно сите законски процедури за транспорт на кучиња. Тој сега ужива кај новото семејство, носејќи го околу вратот плочка на која пишува „Дарио – те сака Лајка”, за никогаш да не заборави со каква љубов беше чуван сите овие месеци.

Се надеваме дека во иднина многу други кучиња заловени од скопските улици ќе ја доживеат неговата судбина и ќе најдат дом надвор од границите на државата, а Лајка ќе ги обезбеди сите услови за нивно патување и наоѓање лица кои ќе им пружат живот каков што заслужуваат.


Среќен и убав живот во новиот дом, Дарио!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …