Пеколно лето предвидува Акуведер за ова лето во Европа. Во својот извештај наведуваат дека подрачјата на долготрајни жештини ќе се протегаат од Португалија, Шпанија од Полска и Унгарија.
„Жештината ќе биде подолготрајна од минатото лето кога рекордните температури беа измерени во деловите на Португалија, Белгија, Холандија, Германија и Скандинавија, но генерално траеа околу недела дена“ – напишал Ерик Листер, еден од главните метеролози во Акуведер.
Тој навел дека температурите над 38. степени можат да се очекуваат на северниот дел Франција, Белгија, Холандија, кон Полска, Словенија и Унгарија.
Температурите над 40. степени би можеле да се очекуваат во источните и јужните делови на Франција и тоа во јули и август, а најлошо ќе биде во Португалија и Шпанија, каде по неколку дена по ред температурата може да биде од 43. степени и повеќе. Сепак жештините нема да ја зафатат цела Европа.
Не би требало да бидат така брутални на Балканот, но од Грција па се до Србија и Романија на северот, Бугарија на истокот, се предвидуваат невремиња со грмотевици.
„Тука невремињата ќе донесат бројни громови, поплави и разорни ветрови со град. Најсилните невремиња ќе бидат во состојба да создадат торнада“, рекол Ројс.
Атмосферското пореметување како последица на тие жешки олуји, може да се очекува долж Медитеранот, и тоа во деловите на источна Европа и Русија.
Тоа би требало да значи тоа што се гледа и на генералната прогнозна карта за ова лето, односно дека од западот кон истокот, во Шкотска ќе биде нормално времето во Ирска и Велика Британија можна е суша, на Пиринејскиот полуостров жештини и пожари, во Франција жештини насекаде.
Се прогнозира дека и по Италија и западниот Медитеран се очекуваат просечни температури, а од Ирак, Сирија, преку Турција, Грција, Македонија, Србија и БиХ жестоки невремиња.