Колку и да е некој успешен, популарен, познат, сепак семејството е сржта околу која се најсилните емоции, гордост, среќа…
Токму таков е и нашиот прославен музичар Влатко Стефановски. Секако дека му годат сите светски признанија, но оние од дома, од неговите деца, се најважни…
Јан Стефановски, синот на македонскиот најдобар гитарист Влатко Стефановски, прослави матура. Тој од неодамна е дел од „Влатко Стефановски трио“, каде удира на тапани, а викеднов настапија на градскиот стадион како гости на концертот на Стинг.
Влатко на „Инстаграм“ објави фотографија од матурантот, а на свечениот миг го прославија заедно со ќерката Ана, која, пак, е на докторски студии во Италија, на Универзитетот во Падова.