Телевизиската глумица Стефани Низник починала во 53. година.
Глумицата починала во својот дом во Енцин во Калифорнија на 23. јуни, а трагичната вест дури сега стасала во медиумите. Причината за смртта засега не е позната.
Најголема популарност и донела улогата на Нина Фини во серијата „Еverwood“, во која настапила со Трит Вилијамс. Четири сезони го играла ликот на Нина Фини, симпатичната сосетка на семејството Браун.
Улоги остварила и во популарните серии како „Вовед во анатомија“, „ЦСИ:Мајами“, „Ѕвездени патеки“ и „Изгубени“.
Академијата за глума ја завршила на Универзитетот „Дјук“, а магистратурата на California Institute of Arts. Потоа почнала да се бави со глума.
Ја надживеале мајка и, очувот, брат и сестра, внуки и внуци, тетка и вујко…пишува Variety.

Глумица од „Ѕвездени патеки“ и „Вовед во анатомија“ ненадејно починала на 53. години
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.