Глумецот кој е 10. години во брак со Меган Фокс признал:„Ме остави…“

Актерот Брајан Остин Грин проговорил за раскинување со Меган Фокс со која е во брак скоро 10. години.
Во својот подкаст, актерот најпознат по улогата во „Беверли Хилс 90210“ рекол дека парот бил разделен со месеци, откако сфатил дека се оддлечиле.
Грин и Фокс се во брак од 2010 година и имаат заедно три деца.


Откако се врати од неколкунеделното снимање минатата година, Меган му рекла на Грин дека чувствува дека треба да поминат некое време одвоени, открил актерот. Тој додал дека таа му рекла дека сфатила дека се сакала повеќе во текот на тоа искуство. „Бев вознемирен поради тоа, но не можам да и се лутам и не бев затоа што таа не бараше така да се чувствува“, вели тој.



Фокс неодамна папараците ја снимиле како поминува време со раперот Машин Гун Кели, за кого Грин рекол дека е добар и љубезен, но додал и дека тие во моментот се само пријатели.
„За мене е навистина важно луѓето што се наоѓаат во оваа ситуација не третираат никого како негативец или жртва“, рече тој.
Тој исто така рекол дека тие имаат намера да ги поминат одморите заедно како семејство со своите деца.


„Јас секогаш ќе ја сакам и таа секогаш ќе ме сака“, рекол тој понатаму.
“Којзнае дали е ова крај на патот. Сè уште ни останува многу живот. Патеките за сега некако ни се разделија. Тие би можеле повторно да се поврзат. Можеби не. Не знаеме”, заклучил тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …