ГЕРМАНИЈА: Свештеник убедил двајца мажи да ја силуваат неговата бивша љубовница

Свештеник на суд рекол дека не му е јасно зошто го направил тоа и дека тој за себе има сосема поинаква слика. Неговата сопруга размислувала да го остави…
Свештеникот Рајнер Х. (60) од Германија се нашол на суд бидејќи на интернет договарал со двајца мажи да ја силуваат неговата бивша љубовница. девојката која медиумите ја нарекле Јулиа К. имала 20. години кога ја почнала врската со свештеникот. Кога го оставила, свештеникот отишол во интернет кафе и таму се поврзал со двајца мажи.
Свештеникот се претставил како жена и на мажите им ја дал адресата од својата љубовница и упатства за насилен секс.
На мажите сето тоа им било смешно. Жената која ништо не наслутувала ја нашле на нејзината адреса но не дошло до секс. Свештеникот во меѓувреме не и се извинил на жртвата, бидејќи рекол дека немал пртилика за тоа. Рекол дека не му е јасно зошто го направил тоа бидејќи тој за себе има сосема поинаква слика. Неговата сопрга размислувала да го остави, но на крај заклучила дека тој е добар сопруг и татко. Судењето на свештеникот кое е главно затворено за јавност продолжува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …