(ФОТО) Пред 13. години бил спасен од племе на канибали, сега се вратил да се соочи со нив!

Шестгодишно момче кого канибалистичко племе го осудило на смрт бидејќи мислеле дека е вештер, откако родителите му починале, се вратил во џунглата за да повторно се обедини со луѓето кои планирале да го изедат.
Вава Шамонгаи пораснал во племето Короваи во западна Папуа, каде мештаните веруваат дека духовите се виновни за тоа кога некое лице ќе умре ненадејно. Кланот традиционално лови лице за кое верува дека е виновно за неочекуваната смрт, пред да го убијат и изедат поради сомнение за злосторстово.


Кога родителите на Вава починале во 2006. година верувале дека тоа е затоа што тој е вештер и почнале да ја планираат неговата свирепа смрт. Но, Корнелиус Сембиринг, бивш водач во регионот за австралискиот Канал 7, слушнал за неговиот случај и го спасил детето одведувајќи го во својот дом на Суматра, пред 13. години.


Вава сега има 20. години и сеуште живее со Сембринг и неговото семејство – благодарен за втората шанса во животот. Студентот на науки сега се вратил во своето бившо племе велејќид ека сака на луѓето да им каже дека не треба да се убиваат и јадат еден со друг, пренесува Daily Mail.
Вава минатата недела отишол во џунглата со своите браќа Вилхемус, Деви и Лепин, а повторната средба со племето била поемотивна отколку што очекувал. Побожниот христијанин се ракувал со водачот на племето пред да го прегрнат роднините.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …